Тешка сообраќајка на патот Трубарево-Петровец

Попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Трубарево-Петровец, поради што сообраќајот од клучката кај Марино до Петровец е пренасочен, информираше еден наш читател. Засега нема информации од МВР за тоа дали има жртви и повредени во сообраќајната несреќа.