Претепано момче од тетовското село Јажинце

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ч.(19) од село Јажинце, тетовско, Х.А.(20) од село Орашје и М.Ф.(18) од Јажинце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 26 јануари во тетовското село Лешок, во спортска сала, пријавените физички го нападнале А.М.(21) од село Јажинце, нанесувајќи му тешки телесни повреди.