• свети николе

Хорор во Свети Николе: Маж ги обљубил малолетните ќерки на невенчаната сопруга

Вчера во 01.50 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Ј.П.(40) од Свети Николе. Полицајците постапиле по пријава од неговата невенчана сопруга, според која тој извршил обљуба врз нејзините две малолетни ќерки. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.