Пливачите на Летната Универзијада во Наполи

На 30 Летна Универзијада која ќе се одржи во Наполи, Македонија во натпреварите во пливање ќе ја претставуваат: -Андреј Соколовски -Филип Јаневски -Љупчо Ангеловски -Александар Стошиќ Водич на екипата е Мартин Стефановски. Натпреварите во пливање ќе траат од 4 до 7 јули 2019 и во нив учество ќе земат околу 1000 пливачи од 40 земји.