• случајот „Рекет"

Јовановски во понеделник на распит кај Русковска

Првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во понеделник, пред обвинителката Вилма Рускоска од Одделот за организиран криминал и корупција ќе даде исказ. Јовановски познат како Боки 13 прв пат ќе одговара на прашања од ОЈО. Тој повеќе од 40 дена е во притвор. До вчера вкупно 11 лица имаат дадено исказ за случајот „Рекет“.