Пет египетски војници загинаа при напад на ИД на Синајски Полуостров

Најмалку пет припадници на египетските безбедносни сили денеска се убиени при напад на екстремистите од Исламска држава во северниот дел на Синајски Полуостров. Во нападот повредени се и шестмина египетски војници, кои се хоспитализирани во воената болница во Ел Ариш. Египетските сили со години се борат против огранокот на ИД на Синајски Полуостров.