Село Усје денеска без вода поради дефект

Поради дефект водоводната мрежа на улица 1 Усје (50 метри после детско игралиште), прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од село Усје. Прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09.05 часот до отстранување на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.