• седум

Во Бугарија од Ковид-19 починаа седум луѓе

Во болница во Благоевград утрово почина 51-годишна жена како последица од Ковид-19, соопшти бугарското Министерство за здравство. Жената имала астма. Додека синоќа во болница починала и нејзината 71-годишна мајка, која исто така била инфицирана со новиот коронавирус. Во Бугарија досега 338 луѓе се позитивни на новиот коронавирус, од кои седум починаа, а 11 оздравеле.