Илјадници луѓе во Минск на погребот на демонстрантот Роман Бондаренко

Илјадници луѓе денеска присуствуваа на погребот на белорускиот демонстрант Роман Бондаренко (31) во Минск. Бондаренко почина минатата недела во болница, откако бил сериозно претепан по неговото апсење. Неговата смрт беше осудена од Европската Унија, која воведе нови санкции кон Минск во четвртокот како одговор на „државна репресија против демонстрантите”.