• претрес

Претрес во Свети Николе, приведен дилер

Полицијата од ОВР Свети Николе го приведе 34-годишниот Л.Б. од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени марихуана и дигитална вага. За случајот е известен е јавен обвинител и по негово комплетно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.