• ПРЕМИЕР

Лична донација: Премиерот Заев ќе предаде амбулатно возило за потребите на болницата во Струмица

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче денеска ќе ја посетат ЈЗУ Општа болница Струмица каде ќе остварат средба со директорот Наќе Гогов. Во рамки на средбата, премиерот Заев ќе предаде и лична донација – амбулантно возило за потребите на болницата, соопштија од владината прес-служба.