Прекинато водоснабдување поради дефект на ул. „23 Октомври“
Корисниците од улицата „23 Октомври“ и дел од улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“ и „Маџир Маало“ од 10 часот и 45 минути имаат прекинато водоснабдување. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улицата „23 Октомври“ бб и ќе трае до негово санирање.