• пожара

Пламнал пожар на тераса во стан во Скопје

Вчера околу 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Божидар Аџија“ пламнал пожар на тераса од стан во сопственост на К.Ј.(40) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа. За среќа повредени нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.