Девојка се здобила со тешка телесна повреда при пад од мотор

На крстосница од ул.„9-та“ и ул.„10-та“ во Ресен, вчера околу 19:25 часот В.М. (23) од Ресен управувајќи моторцикл „јуинг“ со скопски регистарски ознаки изгубила контрола над моторциклот и паднала. В.М. се здобила со тешка телесна повреда констатирана од доктор во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.