• пошта

Вработен во „Пошта“ зел 220.000 денари од трансакциска сметка на друго лице

Вработен во „Пошта“ фалсификувал службена исправа и зел пари од трансакциска сметка на лице од општина Центар Жупа. Според информациите, се работи за 58-годишниот Д. Ј. од селото Новак, општина Центар Жупа. Тој во три наврати зел вкупно 220.000 денари. Пријавениот доби кривична паријава за фалсификување службена исправа.