• полициска станица

Приведено лице барано со потерница за издржување казна затвор 

Вчера на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници го уапсиле А.Ф.(25) од Скопје. За него била распишана потерница со која се барал за издржување затворска казна од 1 година и 6 месеци. Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.