• починати

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајка кај Росоман

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Смртта кај двете лица била констатирана на лице место. Според првичните информации, се случил верижен судир на четири возила. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари а повеќе детали се очекуваат подоцна.