• починал

Скопјанец починал во село Катланово

Во полициско одделение Петровец, од Итна медицинска помош вчера е пријавено дека во двор од куќа, на место викано „Тотинци” во село Катланово, бил пронајден починат С.С.(62) од Скопје. Oд лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото лице е дадено на обдукција.