• патот Градско – Прилеп

Сообраќајка кај Плетвар го блокираше патот Градско-Прилеп

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на магистралниот пат А1 Градско-Прилеп, кај Плетвар, е во прекин попладнево од 17:25 часот. Информации за несреќата од МВР се очекуваат во текот на вечерта.