• нова демократија

Нова демократија исклучи свој член поради расистички коментари

Грчката владејачка партија Нова демократија денеска го исклучи од членство Јоанис Садецидис затоа што на социјалните мрежи напиша дека мигрантите треба „да се фрлат назад во Егејско Море”. – Јоанис Садецидис е исфрлен од членството на Нова демократија и укинати му се сите партиски привилегии- изјави секретарот на политичкиот комитет на Нова демократија Јоргос Стерју.