Четворица загинаа во судар на автобус и камион

Четири лица загинаа, а шест се повредени во несреќа која утрово се случи кај Куршумлија кога се судрија автобус и камион. Загинаа возачите на камионот и автобусот и уште две лица кои биле патници во автобусот „Ниш Експрес“ кој целосно изгоре.