644 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (8/9.3.2021), на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, се регистрирани 644 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.