Интервју со Александра Иванова – професорка, креативка и создавачка на радост. Уметничка душа што надалеку се слуша!
Александра ја знам од Фејсбук, ама како да ја знам oтсекогаш. За мене е Сандра „што ме радува“. А верувам и вас ќе ви создаде таква емоција. Пред да помислам да ѝ правам интервју сe запрашав – што е оваа жена по професија? Само знам дека уживам во нејзините фотографии, уметнички инсталации, сликарство и накит …