Маж и жена нападнати од куче скитник

Полицијата извести дека вчера маж и жена од Скопје се најновите жртви на кучиња скитници. Вчера околу 18 часот А.С.(39) од Скопје пријавила дека на улицата „Ванчо Мицков“ била касната од куче скитник за десната потколеница. Б.В. (64) пак пријавила дека на улицата „Шекспирова“ бил каснат од куче скитник за десната подлактица.