Борко и Мишевски го одработија првиот тренинг како вардарци (ФОТО)

Најновите засилувања за европскиот шампион Вардар, Борко Ристовски и Марко Мишевски вечерва го одработија првиот тренинг со новите соиграчи. Голманот на македонската репрезентација на првиот тренинг, по загревањето, работеше под надзор на тренерот на голманите, Дејан Периќ, додека Мишевски работеше со остатокот од екипата.