Шверцери на марихуана уапсени кај Стар Дојран

Вчера на граничниот премин Стар Дојран уапсени се Е.М. и Е.Х., двајцата од гостиварското село Долна Бањица. Тие се осомничени дека се обиделе преку граница да пренесат марихуана. Дрогата, според полицијата била сокриена во камион кој го управувал Е.М. При детална царинска контрола во возилото се пронајдени 20 кеси со марихуана.