Почина 27-годишно момче од Битола од коронавирусот

Дваесет и седумгодишно момче од Битола,  починало на Инфективната клиника како последица на компликации од коронавирусот, објави ТВ 21. Момчето било донесено на Инфективна на 27 јули а претходно хоспитализирано во ковид центарот во Битола. Момчето работело во кафуле во Битола. Неофицијално, тој имал леукемија пред десетина години но во ремисија.