• казни

Регистрирани 729 прекршоци на неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 729 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.