За неносење маска изречени 761 санкција

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистриран е 761 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.