Новинарката Катерина Гетева е нова одговорна на Секторот за односи со јавноста во Министерството за здравство

Новинарката Катерина Гетева во Министерството за здравство е ангажирана како одговорна на Секторот за односи со јавноста, соопшти Министерството. Министерството, како што посочуваат, нема портпарол, а сите изјави како и досега ќе ги даваат министерот Венко Филипче, како и останатите раководители на Клиники и институции во склоп на Министерството.