Без вода утре кампот за бегалци и неколку фирми во Визбегово

ЈП Водовод и канализација соопшти дека заради дефект на водоводна цевка со пречник 150 мм на ул. 2 во Визбегово, без водоснабдување утре ќе останат корисниците од Кампот за бегалци и неколку фирми во истата населба. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае од 9:00 часот до завршување на интервенцијата.