Воз се излизга од пругата кај Миравци

Утрово, околу 6.40 часот, товарен воз што сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура се излигал од шините откако претходно удрил во одрон од камења. Во незгодата нема повредени. Од СВР Струмица потврдија дека поради незгодата железничкиот сообраќај е во прекин меѓу Гевгелија и Велес. Полицијата врши увид на местото на несреќата.