Пожар во викендичка во Побожје

Викендичка синоќа изгоре во пожар во село Побожје, Скопско. Според информациите на МВР, околу 22:20 часот во полиција било пријавено дека во викендичка во село Побожје, сопственост на А.Р.(38) од Скопје, настанал пожар, при што изгорел првиот кат. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно локализиран.