• Изгаснат Пожар

ВИДЕО| Изгаснат пожарот во кругот на Цементарница Усје

Изгаснат е пожарот во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Како што претходно информираше командирот на Територијалната противпожарна единица, Ѕвонко Томески, во гаснењето на пожарот учествувале девет пожарникари со две возила. Причина за пожарот најверојатно е дефект на електрична инсталација.