Асани: Здравје без паника, ќе дојде подобро време за сите нас

Здравје без паника, со надеж дека ќе дојде подобро време за сите нас е пораката која за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ ја испрати, Исен Асани, градоначалник на Теарце. -Ги прифаќаме препораките на Владата и граѓаните се свесни за опасноста од коронавирусот. Администрацијата како и сите останите граѓани ги почитуваат правилата на однесување, рече Асани.