Ослободен австралиски студент исчезнат во Северна Кореја

Австралискиот студент Алек Сигли, кој исчезна во Северна Кореја, беше ослободен од притвор и безбедно ја напушти земјата, соопшти денеска австралискиот премиер Скот Морисон. 29-годишниот студент Сигли бил прогласен за исчезнат минатата недела. – Алек Сигли беше ослободен од притвор во Демократската Народна Република Кореја, рече Морисон во своето обраќање пред австралискиот Парламент.