За патарина до Белград ќе треба да платите околу 25 евра

Патарините во Србија поскапуваат. Од денеска почнува наплата на новиот дел од автопатот кај Грделичката клисура. Таму ќе се плаќа 540 динари. Патарината кај Ниш изнесува 800 динари и таа кај македонската граница во Прешево 80 динари. Пресметано во денари тоа изнесува околу 1500 во двата правци ако патувате со возило од Скопје кон Белград.