Градскиот дувачки оркестар го честиташе Денот на независноста (ФОТО+ВИДЕО)

Градскиот дувачки оркестар по повод државниот празник Денот на независноста одржаа параден/маршовски концерт во центарот на Скопје. Маршутата на движење на оркестарот кој го започна маршот во 18 часот се одвиваше од Музејот на Град Скопје кон плоштад Македонија, по улица Македонија. Градски дувачки оркестар им го честиташе Денот на независноста на сите граѓани.