Гореа два автомобили во Скопје

Ноќеска околу 2.40 на улицата „Хашка“ во скопско Тафталиџе било запалено возило „опел астра“ со скопска регистрација. Возилото било паркирано пред влез на куќата на Ѓ.А., сопственикот на автомобиот. Од огнот било опожарено и возило „сеат“, дознава „Слободен печат“. По брзата интервенција на екипи на противпожарна служба, пожарот е локализиран.