• ѓорче петров

Скопјанец пријавил дека сопругата, од која се разведува, го нападнала нивното дете

Случај на семејно насилство е пријавен во полициската станица Ѓорче Петров, соопшти МВР. „На 08.11.2022 во 21.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 32-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата сопруга И.П., со која е во бракоразводна постапка, физички го нападнала нивниот малолетен син“, велат од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.