Повреден маж во сообраќајка во Тетово

Триесет и двегодишен жител на тетовската населба Голема Речица е тешко повреден откако возејќи мотор се судрил со автомобил на улицата „Љуботенска“ во населбата. Возачот на мопедот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.