Македонија ЃП остана без Абдул Басит, напаѓачот потпиша за тунискиот шампион

Екипата на Македонија ЃП во вториот дел од сезоната ќе настапува значително ослабена, ќе биде без услугите на својот најдобар напаѓач, Калид Абдул Басит. Абдул Басит кариерата ќе ја продолжи во редовите на тунискиот шампион, Есперанс Тунис. 24-годишниот напаѓач од Гана одигра одлично во есенскиот дел од сезоната кога на 15 натпревари постигна девет гола.