Во изминатото деноноќие произведени се 12.590 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ во текот на изминатото деноноќие произведe 12.590 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти. Во Термоелектраните произведени се 7.509 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.081 MWh.