• дрога

Приведен 23-годишен дилер на дрога во Охрид

Охридската полиција вчера го привела 23-годишниот П.К. од Охрид. При извршен претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.