Експлозија на гас во Виена: Се урна дел од зграда, десетмина повредени

По експлозија на гас, дојде до уривање на петкатна зграда во Виена пренесуваат локалните медиуми. Во експлозијата најмалку 10 лица се повредени, од кои неколку потешко. Полицијата и противпожарните екипи се на улица, а стигнуваат и возила на итна помош, бидејќи не се исклучува поголем број на жртви.