Непрежалениот стрип-јунак — Пецко на Дар-Мар со децении испраќаше критика за општеството, политиката и секојдневниот живот
На денешен ден пред десет години нè напушти Дарко Марковиќ, најпознатиот македонски карикатурист, но и сатиричар, филмски режисер, аниматор, илустратор и дизајнер. Кај многу генерации ќе остане запаметен како татко на популарниот стрип-јунак Пецко, во стриповите потпишани под псевдонимот Дар-Мар, кој е кратенка од првите три букви од неговото име и презиме. Стрип-јунакот Пецко, за …

