Три момчиња малтретирале цимер

Полициски службеници вчера привеле еден осумнаесетгодишник и двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека на 13 овој месец околу 22 часот извршиле насилство врз малолетник, кој бил нивни цимер. Случајот во полиција вчера во 19.30 часот го пријавил таткото на малтретираното момче.