Скопските пожарникари чистеа покрај кејот на Вардар

Припадниците на скопската противпожарна единица денеска беа дел од акција за чистење на отпадот во државава. Тие организирано го чистеа делот на кејот на Вардар во скопската населба Аеродром. Во денешната акција се вклучени околу 40 илјади вработени во јавниот сектор.