Изгоре камион и полуприколка во Битола (ВИДЕО)

Во раните утрински часови во пожар од засега непознати причини изгоре камион и полуприколка во Битола на улица „Буковски мост“. Од СВР Битола за ТВ21 информираат дека настанал пожар на камион марка „Ивеко Стрилис“ и две полуприколки со битолски регистарски ознаки сопственост на фирма ДОО „Алики“. Додаваат дека е извршен увид.