• бомба

Словачкиот Парламент затворен по закана за поставена бомба

Зградата на словачкиот Парламент денеска беше затворена поради закана дека наводно е поставена бомба во неа, јавија словачките медиуми. Никој не смее да влегува или да излегува од собраниската зграда. Портпаролката на парламентот, Михаела Јурцова, за ТАСР потврди дека постои безбедносен ризик и дека полицијата во моментов проверува делови од зградата отворени за јавноста.